АНТАРКТИКОТ КАКО ТЕМПИРАНА БОМБА: Ако овие вулкани проработат, светот би се соочил со катастрофа

Островот Десепшн (Обмана), кој припаѓа на архипелагот Јужни Шетландски острови, е вистинска темпирана бомба, затоа што на него се наоѓаат најмалку 50 вулкански кратери.

Научниците дошле до заклучок дека ерупцијата на островот целосно би можела да го поремети воздушниот сообраќај на јужната хемисфера.

“Пепелот би можел да се прошири во огромни должини, што би значело голема опасност по здравјето на луѓето, но и не само тоа, туку и по инфраструктурата и воздушниот сообраќај”, тврдат тие.

Во случај на ерупција, голем црн облак од чад  би се издигнал на небото, а вулканската пепел би можела да ја заобиколи целата планета и да загрози многу области.

Чарлс Конор, геолог од Универзитетот во Јужна Флорида, рекол дека оваа студија ќе се разработува со цел да се утврди каква точна последица би можеле да предизвикаат вулканите на Антарктикот.

 

А/Г/