Љубов на прв поглед: Бостонски бургер со сланина

0

Овој вкусен специјалитет збогатете го со зелена салата и домат.

Состојки:

4 тенки парчиња сланинаж

450гр. мелено говедско месо

половина исецкан кромид

1/4 чаша светло пиво

1 лажичка сол и бибер

4 парчиња сирење

неколку резанки домат

4 лепчиња за хамбургери

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја тавата на средна температура, помеѓу 200 и 250 степени. Прво испржете ја сланината. Пржете додека истата не стане крцкава (околу 8 минути), а потоа ставете ја на хартија за готвење истата да се исцеди. Во поголем сад помешајте ги месото,  кромидот, пивото, сол и бибер. Добро измешајте ја смесата и обликувајте 4 помали плескавици. Пржете ги околу 3 минути од едната страна, потоа превртете ги и пржете уште 4 минути. Ако додадете кашкавал, применете го стариот кулинарски трик – додајте лист кашкавал врз плескавицата во последната минута од пршењето. Потоа извадете ги плескавиците и оставете ги да постојат 3 минути, а потоа уживајте во совршениот вкус.