“Јованоски и СДСМ ги искористија Ромите како гласачка машинерија, а потоа ги оставија да се дават во отпад?!”

Четири месеци беа потребни за да се види “чесната намера” на новата локална власт во Прилеп за ветувањата кои ги даде пред граѓаните пред локалните избори.

Ромското население во Прилеп не беше избегнато од ветениот “нов живот”. Пред изборите Јованоски и СДСМ им ветуваа брда и долини, а сега ги оставија да се дават во отпад.

Од фотографиите кои ги добивме може да се види каква е состојбата на една од поголемите улици во населбата Тризла.

Се работи за улицата “Ердован Шабаноски” каде врие од отпад без некој да пеземи нешто.

Ромите се пожалија на ваквиот однос на Јованоски и побараа тој навистина да се заложи за ова население, а не само празно да ветува, да ги посетува колку да се фотографира и потоа ништо да не важи.