Ја немаат ниту Твитер, ниту Инстаграм: Новата опција на Фејсбук ќе ги направи вашите статуси подобри

Покрај досегашните опции за поставување на текст, фотографија и видео запис, компанијата Фејсбук смета дека снимањето на гласот би можело да дополни доживувањето на оваа апликација и на корисниците да им овозможи ново ниво во персонализација на содржината.

Претходниве неколку години Фејсбук веќе преземаше мерки за персонализирање на содржината, воведувајќи “Фејсбук Стори”, фаворизирање на постовите од пријателите…

Фејсбук веќе нуди опција за споделување на гласовни записи преку “Messenger” апликацијата, но зголемуавњето на популарноста на оваа опција ја натера компанијата да размислува за споделување на “војс клипови” и преку статус.

Со ова Фејсбук би била првата компанија која го вовела концептот “микроподкаст”, како што Твитер го воведе “микроблогингот”.

За да постават “Војс клип” на корисниците ќе им биде достапна опцијата “Add Voice Clip”, која ќе се наоѓа во менито за поставување статус, покрај останатите опции за поставување фотографии, видео клипови, локација или текст.